Демократскиот сојуз бара Собранието да одржи седница на која ќе се расправа за студентскиот стандард и другите проблеми со кои се соочуваат студентите и да се донесат конкретни решенија преку интегрално прифаќање на нивните барања.
„Од квалитетот на образованието зависи капацитетот на човечкиот капитал што една држава го поседува.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во обраќање на Универзитетот во Тетово ја нагласи важноста на дигитализацијата во образованието и истакна дека најдобра опција за настава е со физичко присуство на учениците во училиштата.
На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти.
Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот...
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу испрати донација од ранци и школски прибор за првачињата од школската година 2022/23, информираат од Партијата за движење на Турците (ТХП).
Наместо да ја инволвира политиката во училиштата, градоначалникот на општина Тетово е потребно да се фокусира на непречена и што поквалитетна реализација на воспитно-образовниот процес на локално ниво, соопшти Министерството за образование и наука.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири при денешната посета на неколку струшки училишта повтори дека останува на ставот настава со физичко присуство да има во текот на целата учебна година поради придобивките од тоа.