Министерството за образование и наука за учебната 2022/2023 година ќе ангажира 40 образовни медијатори Роми во 29 општини во земјава со цел да помогнат во подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата на ромската етничка заедница.
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на почетокот на новата учебна година го посети најстарото училиште во нашата држава, ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје и присуствуваше на свечениот прием за првачињата.
Во четирите основни општински и нивните подрачни училишта во општина Маврово и Ростуше успешно стартуваше новата 2022/2023 учебна година, во која за првпат во ученичка клупа седнаа 35 првачиња.
Учебната година ја почнуваме далеку поподготвени од неколкуте изминати години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Ги повикувам директорите да бидат ажурни и да ги преземат од општините, рече денеска министерот за образование и наука Јетон...
Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни, ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области, информира МОН.
Општина Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за секое прваче.
Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование.