11-то издание на EUROINVENT-2019, Европска изложба за креативност и иновации

Уште една успешна приказна! 31 ученик од ПСУ Јахја Кемал учествуваa на натпреварот Euroinvent- 2019 со 18 проекти.

На најголемиот натпревар на иновации во Југоисточна Европа организиран во Палатата на културата во Јаси, Романија, Euroinvent -2019  ја промовира меѓународната креативност во европски контекст, прикажувајќи ги придобивките од посветените училишта од високото образование и академските истражувања, како и од индивидуалните пронаоѓачи.

3 7a39a

На овој настан беа презентирани  повеќе од 400 иновации од повеќе од 30 земји. Учениците  од ПСУ Јахја Кемал се вратија со 9 златни и 9 сребрени медали.

Please publish modules in offcanvas position.