Можност повеќе за сите оние кои во иднина сакаат да студираат на најелитните универзитети во светот

ПСУ "Јахја Кемал" објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.

Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 09.05.2021 во недела во 11.00 часот. ( Скопје, Тетово-Боговиње, Струга).

Можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната   https://www.ykc.edu.mk/scholarship ,рокот за пријавување е до 07.05.2021 година.

На тестирањето за стипендија:

  • Ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата.
  • Тестирањето за стипендија ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик.
  • За тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и турскиот јазик.
  • Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти на износот на школарината (посебно за Скопје, Тетово-Боговиње и Струга), според долунаведеното,.

1. место 100%,              4. место 70%,          10-13 место 40%,

2. место  90%,               5-6 место 60%,        14-19 место 30%,

3. место 80%,                7-9 место 50%,        15-25 Место 20%.