Наставата од септември ќе се одвива во училиштата

Наставата од септември ќе се одвива во училиштата

Владата ја усвои одлуката наставата во септември да започне со физичко присуство. Претходно, министерката за образование и наука, Мила Царовскака рече дека исклучени од физичко образование ќе бидат децата со хронични заболувања или оние кои имаат хронично болен член во нивните семејства. Тие ќе можат да учат преку Интернет. Како и да е, како што рече Царовска, наставата со физичко присуство ќе се реализира додека ситуацијата со ковид 19 не се влоши.

Царовска изрази задоволство од тоа што над 62% од наставниците се вакцинирани. Но, призна дека процентот треба да се зголеми уште повеќе. Додека го повторуваше апелот за вакцинација, Царовска не посочи како ќе се постапува со наставниците кои ќе ја одбијат вакцината.

Според Царовска, почитувањето на протоколите за заштита од вирусот ќе овозможи безбеден наставен процес. Меѓу другото, протоколите за основните и средните училишта предвидуваат: неоопходно носење маска, мерење на температура и дезинфекција на раце за учениците и другиот училишен персонал, редовно проветрување на просториите, да се стават во функција сите влезови во училиштата. Одговорни лица ќе се грижат за влез и излез на учениците со цел да се одржува редот и растојанието. На родителите не им е дозволен влез во училиштето, освен оние кои имаат деца со посебни потреби. Забрането е поздрав со физички контакт помеѓу учениците и училишниот персонал, учениците да не одат во други училници. Чистење на просторијата за физичка култура по употреба од секоја група ученици, одржување на тоалети со соодветни препарати за заштита од вирусот. Салата или библиотека да ја користат само групи ученици од иста паралелка.