МОН: Учебниците се дистрибуираат и навреме ќе пристигнат во училиштата

МОН: Учебниците се дистрибуираат и навреме ќе пристигнат во училиштата

Исклучок од набавката на учебници преку Педагошката служба оваа година се материјалите за учење за прво и четврто одделение, кои се изработуваат по нови наставни програми и согласно новата Концепција за основно образование, а во чија изработка се вклучи Бирото за развој на образованието кое е задолжено за испорака на печатените учебници за прво одделение и за обезбедување дигитална верзија на оние наменети за четврто одделение.

Учебниците ќе бидат дистрибуирани до сите училишта пред почетокот на школската година, најави денеска директорката на Педагошката служба во состав на МОН, Вангелија Велева при посетата на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, каде, како и во сите останати училишта, во тек е процесот на достава на учебници и наставни материјали, за кој, како што рече, ќе се заокружи навреме, пред почетокот на учебната година.

„Нема да има доцнење и нема причина тоа да создава грижи кај учениците и кај нивните семејства дека одреден материјал ќе биде пропуштен или ќе се задоцни со неговото совладување, па учениците ќе бидат преоптоварени во одреден период“,

истакна Велева, додавајќи дека оваа година МОН и Педагошката служба се постојано на терен, правејќи контроли дали испораката на учебниците се спроведува согласно потпишаните договори со издавачките куќи.

Педагошката служба оваа година успеа по пат на преговарање за 10 милиони денари да ја намали вкупната цена за набавка на учебниците кои согласно актуелното законско решение кое ја регулира оваа област се одобрени да се применуваат во училиштата во државата. МОН не ги поседува авторските права, туку тие се сопственост на издавачки куќи и автори.

Исклучок од набавката на учебници преку Педагошката служба оваа година се материјалите за учење за прво и четврто одделение. Тие се изработуваат по нови наставни програми и согласно новата Концепција за основно образование, а во чија изработка се вклучи Бирото за развој на образованието кое е задолжено за испорака на печатените учебници за прво одделение и за обезбедување дигитална верзија на оние наменети за четврто одделение.