Спасовски: Избори на 5 јули за функционални институции и развој на економијата

Владата не може бескрајно да има улога на изврша и законодавна власт, избори треба да се одржат на 5 јули годинава, 22 дена по завршување на вонредната состојба, кажаа денеска во Куманово, носителите на листите од Изборната единица 2 од СДСМ и Коалицијата Оливер Спасовски и Сања Лукаревска по одржувањето на регионалниот изборен штаб. Спасовски истакна дека за граѓаните и државата е најважно да добијат фунционални институции.

-Од денеска почнуваат новите две недели вонредна состојба. Убедени сме дека по нивното завршување, вонредни состојби веќе нема да ни се потребни, затоа што најлошото е зад нас, а здравствениот систем има план и механизми за сите можни сценарија. Во такви околности, изборите треба да се одржат во првиот можен рок, што поскоро. Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. И при тоа да се почитува устав и закон, рече Спасовски.

Тој вели дека пролонгирањето на изборите не се можни, ниту од правен, ниту од праведен апсект. Изборен термин во летниот период, додава ќе го загрози гласачкото право и ќе им го ускрати годишниот одмор на граѓаните, а избори на есен се опасна идеја и за здравјето и за економијата.

–Секако дека ќе бевме посреќни доколку тој датум се одредеше со политички консензус, но, нема да дозволиме вечни преговори, а притоа граѓаните да ја плаќаат цената за саботажите на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, со ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот за изборите се фиксира на 5-ти јули. Ги повикуваме сите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблеми, вели Спасовски.

Изборите се важни за справувањето со кризата, многу поважни за здравјето се од кафеаните, натпреварите, веселбите. Тој додава дека ако секојдневно може да се пазари, да се седи во ресторани, тогаш може да се одржат и избори. Клучно е да има парламентарен состав и Влада која има легитимитет и одговорност.

Тврдењата дека изборите би го загрозиле здравјето на граѓаните, или дека треба да се одложуваат за наесен, се нелогични, додава Спасовски и вели дека државата, институциите можат да обезбедат безбеден изборен ден.

Тој ги охрабри граѓаните кои се загрижени од новата здавствена состојба дека нема простор за паника, иако вирусот не смее да се потценува.

–Зголемувањето на бројките на заболени се должи на два фактора: саботажите и крајно неодговорното однесување на Наќе Чулев и неговиот ментор Мицкоски, а влијание има значително зголемениот обем на тестирање, како и олабавувањето на мерките заради потребата животот да продолжи, а економијата да се рестартира, вели Спасовски.

Здравствени експерти ја следат ситуацијата, медицински капацитети се зголемени и подготвени да одговорат на предизвиците.

Тој порача граѓаните да продолжат да живеат согласно протоколите за заштита, но и институциите да ги санкционираат прекршувањето на мерките без разлика дали се претставници на политички партии.

Носителката во ИЕ 2, Сања Лукаревска повтори колку е важно да се одржат избори на 5 јули за да функционира Собранието и да се носат одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза. И таа вели дека никој нема право да го става во конфликт изборното право на глас и правото на одмор на граѓаните и дека државата и институциите можат да организираат безбедни избори.

MK_59108.jpg

– За заштита на постоeчките и креирање на нови работни места, особено во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата, за зголемена конкурентност на компаниите на домашно, регионално и глобално ниво, за интервентно активирање на домашниот туризам, промоција на нови земјоделски култури и поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно производство, развој на економските дејности со воведување ИТ и онлајн активности и алатки, за стимулирање и зголемување на безготовинските и онлајн плаќања, како инструмент за сузбивање на сива економија, вели Лукаревска.

Овој план ќе ја развие економијата, смета Лукаревска и додава дека фукционални институции, се потребни за нова развојна македонска економија, за поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, за подобро живеење и работа.