Спасовски: Мораме сите да правиме се да ја менуваме перцепцијата за корупцијата

Сите процеси коишто се во делот на реформире на институциите, сите процеси коишто се преземаат во изминатиот период одат во прилог дека оваа политичка гарнитура има силна волја за борба против криминалот и корупцијата и тоа треба да се ефектуира уште повеќе.

Ако ги завршите предметите, ако се завршат одредени настани коишто се коруптивни, а за тоа не се информира доволно јавноста, тогаш не може да се промени перцепцијата. Мораме сите да правиме се да ја менуваме перцепцијата за корупцијата, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во однос на Индексот за перцепција на корупцијата.

Тој нагласи дека уште повеќе треба да се работи на јакнењето на јавната свест на луѓето за да пријавуваат корупција, и тие да се помогне на органите на прогонот.

– Во однос на перцепцијата за корупција секако дека многу треба да се работи за да ја смениме перцепицијата во општеството. Пецепцијата за корупцијата не значии конкретни резултати во однос на корупцијата дека државата нема, ние имаме многу повеќе резултати од некое минато време во делот на корупцијата, меѓутоа секако дека како перцепција очигледно дека тоа не се менува баш така лесно во очите на граѓаните, потенцираше Спасовски.

Министерот истакна оти смета дека една сериозна држава едно сериозно општество, мора да води постапки за лица коишто навистина злоупотребуваат, коишто се навистина корумпирани и на основа на докази да се водат тие постапки меѓутоа тоа и соодветно да се презентираат и во јавноста.

– Секако дека тука постојат и одредени аномалии кои што ни се случуват и во органите на државната управа и ако тука немаме една неселективна, транспатентна битка против корупцијата и криминалот ние ќе имаме проблем во делот на надминувањето на перцепцијата. Меѓутоа сепак сметам дека перцепцијата треба да се менува и тоа на реални случаи на корупција и на криминал. Знаете ние имавме претходно многу опсежни акции, во времето на режимот, Бумеранг, Змиско око, коишто само да градат перцепција, без доволно докази, без многу докази се водеа постапки коишто сега по судска постапка на крајот едвај завршуваат со некакви условни пресуди или пак завршуваат со ослободителни пресуди, рече Спасовски.

Тој изјави дека МВР покажува силна политичка волја и решеност да се справува со корупцијата и тоа ќе го прават и во однос на сите други институции и органи.

На новинарско прашање за шпелкулации дека не му бил издаден НАТО-безбедносен сертификат, министерот Спасовски изјави дека тој располага со безбедносен сертификат од највисоко ниво, а постапката за добивање на НАТО-сертификатот е рече, во тек.

-Многу нешта се шпекулираат во оваа држава без да се има реални информации. Јас имам прво безбедносен сертрификат од највисоко ниво на доверливост во државата, тоа е државна тајна, а во тек е постапката на добивањето на НАТО – безбедносниот сертификат. Сум го имал и претходно, не гледам причина дека таа постапка нема да заврши успешно и сега и очекувам дека многу скоро ќе го добијам и НАТО-безбедносниот сертификат, рече Спасовски.