Потребна обнова на довербата меѓу Скопје и Софија, оценува Пендаровски

Потребна е обнова на довербата меѓу двете земји, а шефовите на државите може да придонесат за релаксирање на атмосферата и за проблемот да говориме со поинаков јазик, рече претседателот Стево Пендаровски на кратката прес конференција, одржана на скопскиот аеродром, заедно со бугарскиот претседател, Румен Радев.

„Од овој разговор нема никаков исход, беше пријателско пиење кафе и разговори за тоа што се случуваше последниве два-три дена во Брисел. Оперативно, преговорите меѓу нашите две земји ги водат владите, ние сме тука ако можеме да ја релаксираме атмосферата. Мислам дека е потребно да направиме обнова на довербата и како пријатели да разговараме и за најтешките прашања кои во моментов нѐ разделуваат. Јас се надевам дека наскоро ќе нѐ зближуваат“, рече Пендаровски.