По завршувањето на централното собрание, излегоа во дворот и насмеани се фотографираа со екс претседателот и вршител на должност.
Зијадин Села веќе не е претседател на АА. Од денеска до 17 декември кога ќе се одржи вонредниот конгрес, вршител на должност претседател на АА, ќе биде Арбен Таравари кој до денеска беше потпретседател на партијата.
Таравари вели дека од ова собрание партијата излегува пообединета, а Села продолжи да го нарекува лидер.
„Од исклучителна важност за нас е што од ова собрание, по долга дебата, излеговме обединети. Сите пратеници и градоначалници заедно со лидерот на АА, продолжуваме понатаму и се надеваме дека ќе бидеме надеж за Албанците, за промени“, вели Арбен Таравари.
Таравари кажа што ќе прави во следниот период за подобрување на состојбата во партијата.
Зијадин Села потврди дека нема да се повлече од АА бидејќи тоа ќе биде неблагодарно кон неговите поддржувачи и тие на партијата.
Иако е избран за в.д. претседател на АА, Таравари се уште не одлучил дали ќе се кандидира за претседател на 17 декември.
„Не, се уште не сум кажал дали ќе се кандидирам, периодов ќе бидам в.д. се до одржување на конгресот“, посочи Арбен Таравари.
Села кажа што очекува од новиот претседател на партијата, кој и да биде тој или таа.
Од функцијата претседател на партијата, Села си поднесе оставка по неуспехот на изборите за Советот во општина Тетово.
По неколку дена, и пратеничката Илире Даути која исто така доаѓа од Тетово, се повлече од функцијата шеф на парламентарната група на АА. За новиот координатор на партијата ќе се одлучува следниве денови.