Дојде крај на серијата на полската тенисерка Ига Швјонтек која 37 натпревари не знаеше за пораз. Вечерва за сензација на Вимблдон се погрижи француската тенисерка Ализе Корне која во 1/16финалето ја совлада Швјонтек со 2-0, по сетови 6:4, 6:2.
Македонската атлетичарка Дрита Ислами не успеа да се пласира во финалната трка на 400 метри со пречки на Медитерански игри во Оран, завршувајќи како деветопласирана во квалификациите.
Општина Битола, сопственик на ФК Пелистер воспостави соработка со фудбалскиот клуб Бенфика од Португалија.
Американските спортисти се лидери по бројот на освоени медали на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Со резултат од 1:3 против Рамос Мат Стевен Аугуст од Италија, штипјанецот Љупче Михајлов го освои третото место и се здоби со бронзен медал на Европското првенство во карате, кое овој викенд се одржува во Прага-Чешка.
Рускиот тенисер Данил Медведев се искачи на првото место на најновата АТП ранг-листа.
Екипата на Водно Санс е државен првак во М16 лигата во машка конкуренција. „Црно-белите“ синоќа во финалето го победија тимот на ФМП Академија со 102:69.
Македонската фудбалска репрезентација доцна попладнево во Разград одигра 1:1 против Бугарија во 1. коло од четвртата група Ц-сегмент во Лигата на нации.