Пари Сен-Жермен и Лионел Меси работат на продолжување на договорот. Според новинарот на „CBS Sports“, Бен Џејкобс, парижаните се уверени дека напаѓачот ќе потпише нов договор.
Екипата на Сакраменто кингс постигна 12 тројки во првата четвртина на натпреварот против Мемфис одигран рано утрово во „Голден 1 Центар“.
Френк Лампард денеска треба да се повлече од функцијата менаџер на Евертон. Според „Sky Sports“, одлуката за отказ на 44-годишниот специјалист е веќе донесена. Се очекува Евертон денеска да го објави заминувањето на Лампард како менаџер.
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен загуби од Будуќност со 90:86. Аеродромци беа блиску до изненадување, успеаја да се вратат од -19 и во финишот го израмнија резултатот, но немаа сили за целосен пресврт.
Францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан сака да го предводи Јувентус.
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, продолжува да ги предводи кандидатите за МВП на сезоната во НБА. Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум се искачи на второто место, додека првата ѕвезда на Филаделфија, Џоел Ембиил е трет.
ФИФА ги објави ТВ рејтинзите на натпреварите од Светското првенство одржано во Катар на крајот на 2022 година.
Македонската машка фудбалска репрезентација на 27. март во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против Фарските острови, што, воедно, ќе биде нивен прв меѓусебен дуел во историјата.