Џордан најголем кошаркар во историјата на НБА

Џордан најголем кошаркар во историјата на НБА

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан доби најмногу гласови од играчите во анкетата на „Атлетик“ за најголем играч во историјата на НБА-лигата. Поранешниот член на шампионската генерација на Чикаго булс доби 73 отсто од гласовите.

 

Беа анкетирани вкупно 117 кошаркари.

На второто место се најде Леброн Џејмс со 11,9 отсто.

Потоа следуваат: Коби Брајант (10,6), Карим Абдул-Џабар (1,7), Меџик Џонсон, Ален Ајверсон и Кевин Дурант (со по 1 процент).

Please publish modules in offcanvas position.