Новицки објави крај на кариерата

Новицки објави крај на кариерата

Кошаркарот на Далас, Дирк Новицки најави дека ја завршува кариерата. Тој тоа го соопшти во својот говорот одржан ноќеска по натпреварот со Феникс.

 

– Како што можеше да се очекува, ова беше мојот последен натпревар. Ова е суперемоционален момент за мене. Би сакал да им се заблагодарам на многу луѓе и целиот клуб за поддршката, не само за вечерва, туку и низ сити 21 година поминати тука. Имав подеми и падови, но секогаш бевте со мене. Јас навистина го ценам тоа. Благодарение на моите соиграчи кои секогаш ме поддржуваа. Физички, оваа година беше тешка за мене, но ми дадоа поддршка. Благодарност и до семејство. Поминав прекрасни моменти во Далас, изјави Новицки.

Германецот постигна 30 поени со осум скока и три асистенции во триумфот над Феникс со 120:109.

Далас не успеа да се избори за место во плејофот.

Четириесет годишниот Дирк Новицки играше за Далас од 1998 година. Во 2011 година, тој стана шампион на НБА. Четиринаесет пати учествуваше на НБА „Ол стар“ натпреварите. Во кариерата неговиот просек е 20,7 поени, 7,5 скока и 2,4 асистенции по натпревар.

e-max.it: your social media marketing partner

Please publish modules in offcanvas position.