Салах нема да игра на реваншот со Барселона, Клоп се надева на чудо

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, соопшти дека напаѓачот Мохамед Салах ќе го пропушти утрешниот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона.

Дваесет и шестгодишниот Египќанец се повреди на средбата со Њукасл во рамките на 37. коло на Премие рлигата.

Барселона во Англија доаѓа со предност од 3:0, но Клоп се надева на чудо и пласман во финалето.

  • Никој не би сакал да биде во таква ситуација пред возвратниот меч. Но, верувам дека сé уште имаме шанса да стигнеме до финалето. Треба да сториме сé што е можно. За да стигнеме до финалето, треба да постигнеме четири гола. Ситуацијата е многу тешка. Но, додека имаме 11 играчи подготвени да влезат на терен, ќе се обидеме, изјави Клоп.

Натпреварот е закажан за утревечер со почеток во 21 часот. 

Please publish modules in offcanvas position.