Имобиле не тренира поради покачена температура

Имобиле не тренира поради покачена температура

Најдобриот стрелец во Италијанскиот фудбалски шампионат не тренира со Лацио заради зголемена телесна температура.

Тој го пропушти вчерашниот тренинг и не се знае кога ќе се врати на обврските.

Тренерот Симоне Инзаги се надева дека играчот ќе му биде на располагање за средбата со Болоња в сабота.

Триесет годишниот Имобиле постигна 27 голови на 25 натпревари во Серија А и го предводи списокот на стрелци.

За потсетување, Италија има појава на коронавирус. Веќе се заразени околу 300 луѓе, а седуммина починаа. Голем број натпревари од 25. коло во Серија А беа одложени, а повеќето од натпреварите од 26. коло ќе се одржат без гледачи.

Please publish modules in offcanvas position.