Рамос донираше 264.571 маски за лице во борба против коронавирусот

Стана јасно каква била донацијата на Серхио Рамос и неговата сопруга Пилар Рубио во борбата против коронавирусот.

Двајцата направиле разни набавки преку УНИЦЕФ. Донирале 264.571 маски за лице, 1.000 заштитни костуми и 15.000 тестови.

Помошта од семејството Рамос се приклучува како целокупна поддршка на Реал Мадрид во борбата против пандемијата.

Целиот тим на Реал Мадрид се вклучи со донации.

Please publish modules in offcanvas position.