УЕФА на средба в среда ќе разговара за три важни теми

УЕФА свика нова средба на која ќе се разговара, преку видеоконференција, за различните опции за промени во календарот и презакажување на голем број одложени натпревари низ цела Европа.

Двете работни групи, создадени пред две недели, ќе ги презентираат своите предлози и опции.

Покрај темата за тоа како ќе продолжат различните турнири и првенства, ќе бидат дискутирани уште две важни теми – договори за играчи и евентуални измени во тековниот систем на трансфер.

На состанокот беа поканети генералните секретари од сите 55 земји членки на УЕФА. Во претходната видеоконференција беше решено Европското првенство да се одложи за една година за да им се даде можност на домашните првенства и евротурнирите.