НБА-лигата може да ја намали серијата на плејофот на три натпревари

Раководството на најсилната кошаркарска лига на светот, НБА, може да ја намали серијата на плејофот од седум на три натпревари во случај да продолжи сезоната 2019/2020.

Во моментов, НБА-лигата ги разгледува сите можни опции. Сопствениците на клубовите се надеваат дека лигата ќе може да одржи полноправен плејоф со 16 екипи и серија од седум натпревари, со празни трибини. Како последна можна опција е и одигрување само еден натпревар во плејофот.

НБА ја прекина сезоната поради пандемија на коронавирус. Сопствениците на клубовите очекуваат да продолжи сезоната налето.