УЕФА ги одложи сите натпревари до јуни

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го одложи сите клупски и репрезентативни натпреварувања до јуни. Тоа е одлука од денешниот состанок на кој учествуваа претставници на 55 национални федерации.

Меѓу нив спаѓаат квалификациските средби за ЕП 2021 од Лигата на нации, меѓу кои и дуелот на Македонија и Косово, како и квалификациските мечеви во женска конкуренција.

Финалните мечеви во Лигата на шампиони и Лига Европа што првично беа планирани за мај, од претходно се одложени, но сега се одложени на неодреден период. Сè уште не е познато дали УЕФА планира да продолжи со тековната сезона или веднаш ќе се оди на наредната.