Лоренцо: Бев светски шампион, а немав возачка дозвола

Шпанскиот мотоциклист Хорхе Лоренцо открива дека станал светски шампион, а притоа немал возачка дозвола.

„Мислам дека не би се снашол во градски возење. Никогаш во животот не сум возел полека мотор, иако поседувам возачка дозвола што ја добив доцна, на 23 годишна возраст, а претходно бев светски шампион во Мото ГП“, вели Лоренцо.
Лоренцо има две шампионски титули во Мото 2 класата и три во категоријата Мото ГП. Професионалната кариера ја заврши по проблематичната сезона во тимот на Хонда и сега е тест возач на Јамаха.
„Не се плашам од мотори и тоа не е причина за моето одење во пензија. Се почна да ме боли и повредите почнаа да создаваат големи проблеми. Секако дека возењата и победите на мотор ќе ми недостасуваат, но поради се што се случи, далеку сум од враќање на патеките. Не сакам да возам повеќе од 14 до 16 дена годишно“, порача Лоренцо.