Почина познатиот италијански тренер Луиџи Симони

Познатиот италијански тренер Луиџи Симони почина денес на 81-годишна возраст, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Во јуни минатата година Симони доживеа мозочен удар. Оттогаш, тој се бореше за своето здравје, но успеа да се опорави.

Како фудбалер, Симони играше за Мантова, Наполи, Торино, Јувентус, Бреша и Џенова.

Како тренер, тој водеше многу италијански клубови, вклучувајќи ги Наполи и Интер. Во 1998 година, Симони го предводеше клубот од Милано до трофејот во Купот на УЕФА.