Левандовски најефикасен во најдобрите пет лиги во Европа

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, постигна два погодока на вечерашниот натпреварот од Бундес лига од 29-то коло против Фортуна (5:0).

Благодарение на овие голови, Полјакот стана лидер по ефикасност во Топ 5 лиги во Европа оваа сезона.

Левандовски во тековната сезона на германскиот шампионат постигна 29 гола на 27 натпревари. На второто место на списокот е напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле (27 гола, 26 натпревари).

Потоа следуваат Тимо Вернер (Лајпциг, 24 голови, 28 натпревари), Кристијано Роналдо (Јувентус, 21 гол, 22 натпревари), Џејми Варди (Лестер, 19 голови, 26 натпревари) и Лионел Меси (Барселона, 19 гола, 22 натпревари).

Килијан Мбапе (ПСЖ, 20 натпревари) и Висам Бен Једер (Монако, 26 натпревари) постигнаа по 18 гола во предвреме завршената сезона на Лига 1.

Италијанската Серија А, Англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига ќе продолжат во јуни.