Лејкерс ја освоија Западната конференција за прв пат по 10 години

Лејкерс ја освоија Западната конференција за прв пат по 10 години

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го обезбедија првото место во Западната конференција од НБА лигата. Тие ноќеска во Орландо ја совладаа Јута со 116:108 и станаа недостижни за конкурентите за врвот на Запад.

Најефикасен за победата беше Ентони Дејвис со 42 поена.

За ЛА лејкерс првото место во Конференцијата е освоено по пауза од десет години, односно за прв пат по сезоната 2009/10. Тогаш тие ја освоија шампионската титула, последна од нивните 16.

На другите две средби одиграни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати:

Њу Орлеанс – Мемфис 109:99
Филаделфија – Сан Антонио 132:130.

Лејкерс имаат биланс 51-15 (победи-порази), ЛА клиперс 45-21, Денвер 44-23, Хјустон 42-24, Јута 42-25,….

На Исток, лидер е Милвоки со 54-13, следуваат Торонто 48-18, Бостон 44-22, Мајами 42-25, Индијана 41-26,…