Оформени паровите за четвртфиналето од Лигата на Европа

По одигрувањето на натпревари од 1/8-финалето во Лига Европа, сите парови за 1/4-финалето на турнирот се веќе јасни.

Вчера, Севиља, Баер (Леверкузен), Базел и Вулверхемптон се квалификуваа за оваа фаза од турнирот, придружувајќи се на Интер, Манчестер Јунајтед, Шахтјор (Доњецк) и Копенхаген.

Како што е познато, до крајот на турнирот натпреварите ќе бидат на неутрален терен во Германија, а победниците ќе бидат утврдени на еден натпревар.

Натпреварите од 1/4-финалето се закажани за 10 и 11 август.

Еве ги паровите за четвртфиналето:

  • Манчестер Јунајтед – Копенхаген
  • Интер – Баер Леверкузен
  • Шахтјор Доњецк – Базел
  • Вулверхемптон – Севиља

Вака изгледаат паровите за полуфиналето:

  • Вулверхемптон или Севиља – Манчестер Јунајтед или Копенхаген
  • Интер или Баер Леверкузен – Шахтјор или Базел