Македонскиот претставник во Лига Европа Шкендија ја совлада Млада Болеслав

Македонскиот претставник во Лига Европа Шкендија ја совлада Млада Болеслав

Македонската екипата Шкендија од Тетово забележа победа над чешката екипа Млада Болеслав во дуелот од Лига Европа.

Шкандија, која е единствениот преостанат претставник на Македонија на европската сцена, на Националната Арена „Филип Втори Македонски“ ја совлада екипата на Млада Болеслав со 2:0, во првиот дуел од третото коло во квалификациите за Лига Европа.

Стрелци на головите за екипата од Тетово беа, Стенио Жуниор (69-минута) и Ферхан Хасани (75).

Реваншот натпреварот во Чешка ќе се игра на 4 август со почеток од 19 часот.