Левандовски, Леброн, Надал и Хамилтон претенденти за наградата „Лауреус“

Левандовски, Леброн, Надал и Хамилтон претенденти за наградата „Лауреус“

Објавени се номининациите за престижната спортска награда „Лауреус“ за 2020 година.

Номинирани за наградата во категоријата спортист на 2020 година се:

– фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски,
– светскиот рекет број два, Рафаел Надал,
– кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс
– шампионот во Формула 1 и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон
– атлетичарот и светски рекордер во скок со стап, Арман Дуплантис
– тркачот од Уганда и светски рекордер на далечина од 10 000 метри, Џошуа Кипруи Чептегеј.

Минатата година наградата ја поделија Хамилтон и фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.

Наградата „Лауреус“ често ја споредуваат со наградата „Оскар“. Таа се доделува во неколку категории.