ОИ Рио: Анастасија Богдановски со нов македонски рекорд, но далеку од полуфиналето

ОИ Рио: Анастасија Богдановски со нов македонски рекорд, но далеку од полуфиналето

Анастасија Богдановски во трката на 200 метри слободно исплива во време од 2:00.52 минути што претставува нов државен рекорд на Македонија, кој сепак не беше доволен за понатамошен пласман во полуфиналето.

Со заостанување од 5.51 секунди зад најдоброто остварување на Американката Кејт Ледецки, нашата пливачка Анастасија Богдановски на крајот заврши на 33-то место во конкуренција на 42 натпреварувачки, колку што се натпреваруваа во оваа дисциплина во која пливаа.