Рио 2016: САД на врвот на листата освојувачи на медали по деветтиот натпреварувачки ден

Рио 2016: САД на врвот на листата освојувачи на медали по деветтиот натпреварувачки ден

Натпреварувачите на Соединетите Американски Држави освоија најмногу медали по девет дена натпревари на Олимписките игри во Рио.

САД досега имаат вкупно 69 одличја – 26 златни, 21 сребрени и 22 бронзени.

На второто место на оваа листа се наоѓа Велика Британија со 38 медали (15+16+7), трета е Кина со 45 медали (15+13+17), но е зад Британија поради помалку посјајни медали.

Во ТОП 10

  • Русија (9+11+10)
  • Германија (8+5+4)
  • Франција (7+8+7)
  • Италија (7+8+6)
  • Јапонија (7+4+16)
  • Австралија (6+7+9)
  • Јужна Кореја (6+3+5)

Од петте соседи на Македонија, медали имаат само Грција - едно злато и една бронза, како и дебитанот на Игрите, Косово - еден бронзен медал.

Досега вкупно 68 држави освоија медал во Рио.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.