Интер го смени главниот спонзор за прв пат по 26 години

Италијанскиот фудбалски шампион Интер најави промена на генералниот спонзор. Од претстојната сезона, логото на дресовите на Интер ќе биде апликацијата Socios.com.

Според „Фудбал Италија“, договорот е вреден 20 милиони евра годишно.

Да потсетиме дека последните 26 години (од 1995 година) титуларен спонзор на Интер е производителот на автомобилски гуми „Пирели“.

Минатата сезона Интер стана шампион на Италија за прв пат по 11 години.