Катар и Мексико изборија полуфинале на Златниот куп

Катар и Мексико изборија полуфинале на Златниот куп

Репрезентациите на Катар и На Мексико ќе играат во полуфиналето на Голд купот КОНКАКАФ.

Ова е епилогот по двата четвртфинални дуела одиграни рано утрово во Глендејл (САД) на кои Мексико го победи Хондурас со 3:0, додека Катар славеше со 3:2 против Салвадор.

Во полуфиналето Мексико ќе се соочи со победникот од мечот Костарика – Канада, додека Катар ќе го чека подобриот од пресметката САД – Јамајка.