Шкендија од Кавадарци ќе ја започне одбраната на титулата во ПМФЛ

Шкендија од Кавадарци ќе ја започне одбраната на титулата во ПМФЛ

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за новата сезона во Првата лига.

Актуелниот првак Шкендија во првото коло ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Двојки за 1. коло од ПМФЛ сезона 2021/22:

  • Тиквеш – Шкендија
  • Брегалница – Шкупи
  • Работнички – Борец
  • Македонија ЃП – Пелистер
  • Академија Пандев – Струга
  • Ренова – Скопје.

Новото издание на Првата македонска фудбалска лига ќе стартува на 7/8 август.