Плач и лелек во Барселона, Лионел Меси се сели во ПСЖ

Лионел Меси повеќе нема да го носи дресот на Барселона. Оваа информација ја потврди каталонскиот тим, а и самиот Меси на емотивна прес -конференција.

Тој рече дека бил тажен кога сфатил дека нема да може да потпише нов договор со Барселона, иако претходно прифатил платата да му се намали за дури 50 проценти. Во една ваква ситуација, Аргентинецот се очекува уште утре да замине во просториите на Париз Сен Жермен и да договори најмалку две години за по 40 милиони евра плата по сезона.

„Бев убеден дека ќе ја продолжам кариерата тука, но сега по 21 година, морам да се збогувам. Не помислив дека вака ќе заминам, бидејќи ова го замислував поинаку, на теренот со фудбалерите и навивачите на трибините. Се сретнавме со Лапорта и после таа вечера бев многу убеден дека ќе најдевме решение, дека можам да останам во Барселона. Мојот договор никогаш не бил проблем, бидејќи прифатив намалување на платата од 50%, но тоа не беше доволно. Сега знам само дека не би можел да останам во Барселона поради клупскиот долг и прашањето на Ла Лига. Никогаш не сум му рекол ништо на Хавиер Тебас и немам што да му кажам. Сакам да продолжам да се борам на високо ниво и да освојувам титули. Го видов Дани Алвеш како го освои златниот медал со Бразил и сакам да ги следам неговите стапки. Целта ми беше да останам, тоа не беше можно и сега треба да барам нов пат“, изјави Меси.