Атанасов дополнително повикан во македонската А-репрезентација

Атанасов дополнително повикан во македонската А-репрезентација

Фудбалерот од средниот ред на сплитски Хајдук, Јани Атанасов доби повик од селекторот Благоја Милевски да биде дел од А репрезентацијата на Македонија за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, соопштено е на веб-страницата на ФФМ.

Поранешниот капитен на репрезентацијата до 21 година добива шанса да биде дел од најдобриот национален состав откако стана извесно дека Аријан Адеми од Динамо Загреб нема да може да се стави на располагање на тимот за натпреварите против Ерменија (2 септември), Исланд (5 септември) и Романија (8 септември).

Неизвесно е доаѓањето и на Бобан Николов од молдавски Шериф поради позитивен тест на коронавирус.