ФФМ ги презакажа за в недела фудбалските натпревари

ФФМ ги презакажа за в недела фудбалските натпревари

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи редовното трето коло во рамки на Втората македонска фудбалска лига да го презакаже од сабота за в недела по тридневната жалост што Владата денеска ја прогласи поради трагедијата во Тетово во која во пожар во модуларната болница за лекување на пациенти заразени со коронавирус загинаа 14 луѓе.

– Комисијата за натпреварување во ФФМ го информира фудбалското семејство и клубовите од Прва и Втора МФЛ дека Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава по големата трагедија во Тетово, и планираните натпревари од 3. коло во Втораta фудбалска лига (исток и запад), ќе се одиграат в недела, соопшти попладнево Куќата на фудбалот.

За в недела е закажано и редовното 6. kоло во ПМФЛ, а сите натпревари во прволигашка и второлигашка конкуренција ќе започнат со едноминутно молчење по повод трагедијата во Тетово.