ПМФЛ: Шкупи ја чува предноста на врвот

ПМФЛ: Шкупи ја чува предноста на врвот

Лидерот Шкупи ја задржа предноста од четири бодови пред второпласираната Академија Пандев совладувајќи ја на домашен терен Струга, а со гостински триумф над Македонија ЃП попладнево актуелниот шампион Шкендија се искачи на третото место по комплетирање на 15. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Домашни победи забележаа и Брегалница и Тиквеш, додека Пелистер сè уште е единствената прволигашка екипа без триумф во актуелната сезона.

ПМФЛ – 15 КОЛО:

  • Брегалница – Борец 2 :1, Македонија ЃП – Шкендија 1:2, Пелистер – Скопје 0:0, Шкупи – Струга 4:0 и Тиквеш – Работнички 2:0.

ТАБЕЛА:

  • Шкупи 35 бодови, Академија Пандев 31,Шкендија 27, Ренова 25, Брегалница 25, Струга 22, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Скопје 17, Тиквеш 13, Борец 8, Пелистер 5.