Келси Далија го собори светскиот рекорд во 100 метри пеперутка

Келси Далија го собори светскиот рекорд во 100 метри пеперутка

Американската пливачка Келси Далија ги собори светскиот и американски рекорд во 100 метри пеперутка за жени откако исплива за две стотинки побрзо од старата рекордерка, Сара Сјостром.

Далија исплива 54,59 што го собори стариот рекорд поставен од Швеѓанката, Сара Сјостром, на Светското првенство во 2014 година, пред 7 години. Стариот рекорд беше 54,61.

Сјостром, исто така, беше дел од трката во рамките на Интернационалната лига во пливање во петокот, завршувајќи 4-та со 56,17.

Поранешниот американски рекорд беше 54,84 што самата Далија го постави во Будимпешта на Светското првенство во 2018 година.