Класниќ мора на нова трансплатација на бубрег

Класниќ мора на нова трансплатација на бубрег

На поранешниот хрватскиот фудбалер и репрезентативец Иван Класниќ потребна му е нова трансплатација на бубрег, откако престана со функција бубрегот, кој му беше дониран од неговиот татко.

Ова за него би требало да биде трета трансплатација. Прво имаше една неуспешна трансплатација кога неговата мајка во 2007 година донираше бубрег, но неговото тело го одби.

Веста ја пренесе германски „Билд“, со тоа што при следната трансплатација не може да биде земен бубрег од членови на семејството поради создадените антитела. Неговиот брат беше спремен да донира орган.

Класниќ се наоѓа во германскиот град Хамбург и трипати во неделата оди на дијализа. Тој по првите две операции се врати на играњето фудбал, а пред три години ја заврши кариерата. Настапуваше за екипите на Сент Паули, Вердер, Болтон и Мајнц, а за хрватската репрезентација на 41 натпревар постигна 12 голови.