Македонија го пречекува Израел во 2.коло од квалификациите за СП

Македонија го пречекува Израел во 2.коло од квалификациите за СП

Македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Израел вечер на Национална арена „Филип Втори“ во натпревар од 2.коло од квалификациите за Светското првенство 2018.

Двете репрезентации забележаа пораз во стартното коло.

Македонија загуби од Албанија, додека Израел од Италија, па овој дуел ќе биде шанса за освојување на првите бодови.

На другите два натпревара од Г-групата играат:

  • Италија – Шпанија
  • Лихтенштајн – Албанија

Табела:

  • Шпанија 3 бода
  • Италија 3
  • Албанија 3
  • Македонија 0
  • Израел 0
  • Лихтенштајн 0