НБА планира Бостон и Филаделфија да ја отворат новата НБА-сезона

НБА планира Бостон и Филаделфија да ја отворат новата НБА-сезона

Раководството на НБА-лигата планира со натпреварот на Бостон против Филаделфија да биде отворена сезоната 2022/23, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

Селтикси, предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, стигнаа до финалето во 2022 година.

Филадефија на Џоел Ембиид и Џејмс Харден беа запрени во второто коло од плеј-офот.

Средбата ќе се одржи на 18 октомври во Бостон и најверојатно ќе започне порано од другите натпревари од првиот натпреварувачки ден, со оглед на временските зони.

Заутре е најавено објавувањето на целосниот распоред на натпревари за новата сезона.

Претходно беше објавено и дека на првиот натпревар од регуларниот дел од сезоната, Голден Стејт ќе биде домаќин на Лејкерс.