Фудбал У-16: Македонските надежи закажаа двомеч со Бугарија

Фудбал У-16: Македонските надежи закажаа двомеч со Бугарија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години договори нови две пријателски средби со соодветната селекција на Бугарија.

По двата одиграни контролни натпревари против Словачка во Вратислава, младите македонски надежи ќе одиграат двомеч со нивните врсници од Бугарија и тоа на гостински терен, во Симитли.

Првиот натпревар ќе се игра на 2 ноември, додека вториот дуел е два дена подоцна (4 ноември).

Двете средби ќе се играат во терминот од од 15 часот.