Победи за фаворитите на ноќешните НБА натпревари

Победи за фаворитите на ноќешните НБА натпревари

На четирите натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник победи остварија екипите кои важеа за фаворити.

Постигнати резултати:

  • Атланта – Сакраменто 106:95
  • Бруклин – Чикаго 88:118
  • Торонто – Денвер 105:102
  • ЛА Клиперс – Феникс 116:98

За ЛА Клиперс, Атланта и Чикаго ова беа трети победи од исто толку натпревари во новата сезона, додека Торонто втор пат триумфира.