ПМФЛ: Прво реми на лидерот Струга

ПМФЛ: Прво реми на лидерот Струга

Фудбалерите на Струга ја прекинаа победничката серија во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во воведниот натпревар од 9. коло лидерот на табелата одигра нерешено 1-1 (0-0) на гостински терен против Македонија Ѓорче Петров.

Струга беше блиску да ја забележи и деветтата прволигашка победа и до самиот финиш на натпреварот имаше водство со голот на Шабани во 64 минута.

Десетина минути подоцна Македонија ЃП остана со играч помалку на теренот поради исклучувањето на Матеус, но домаќините успеаја да стават крај на победничката низа на Струга, освојувајќи бод со погодокот на Алексовски во 86 минута.

Струга сега на лидерското место има 25 бодови, додека Македонија ЃП остана на осмото место со девет бодови.