Тетовска Брвеница по 21 година доби фудбалски клуб и реконструиран стадион

Тетовска Брвеница по 21 година доби фудбалски клуб и реконструиран стадион

По 21 година во тетовска Брвеница повторно почна да се натпреварува локалниот фудбалски клуб Вардар 2022. Клубот постоеше до 2001 година под името Вардар, годинава е повторно регистриран, а се натпреварува во Третата лига запад. Денеска се одигра и првиот дуел во кој Вардар 2022 го совлада тимот на Скендербег со 2-1.

По прв пат се играше и натпревар на реконструираниот фудбалски стадион.

-Натпреварот се играше на фудбалскиот стадион во Брвеница, којшто изминатиов период од страна на општината беше целосно реконструиран. Имаме нов терен со нова трева, дренажа и наводнување на фудбалскиот стадион. Од годинава во Општина Брвеница повторно се активирани вкупно три нови клубови – Вардар 2022 Брвеница, Руфеја од Милетино и Беса од Челопек, екипи кои имале традиција на натпреварување, но, не функционирале одреден период, информираа од Општина Брвеница.

ФК Вардар 2022 – Брвеница како претседател го раководи Јовица Бошковски. Денешниот натпревар го следеше и селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.