МЗТ Скопје поразен на гостувањето во Љубљана

МЗТ Скопје поразен на гостувањето во Љубљана

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром доживеа уште еден пораз во пресметките со тимовите од „големата четворка“ во регионалната АБА-лига.

„Сино-белите“ вечерва загубија на гостувањето кај Цедевита Олимпија со 93:73.

Страхиња Миќовиќ со 25 поени и седум скока беше најдобар во македонскиот тим, двоцифрен поентерски учинок имаа уште и Војдан Стојановски со 11 и Бре Ајви со 10 поени.

МЗТ Скопје по пет натпревари има едн апобеда и четири порази, но и многу тежок распоред во почетните пет кола. Следуваат средби со екипи на кои аеродромци ќе можат да се надеваат на поуспешни резултати.

Следен противник на МЗТе тимот на Морнар, на 4 ноември во салата „Јане Сандански“.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.