Кари постави нов рекорд

Кари постави нов рекорд

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари кој пред два дена за првпат по две години не погоди ниту една тројка на еден натпревар, ноќеска реализира 13 удари за три поени и постави нов рекорд во НБА лигата.

Неговиот тим Голден Стејт го победи Њу Орлеанс со 116:106 против Њу Орлеанс, а Кари постигна 46 поени од кои 39 од ударите за тројка.

Досегашниот рекорд по погодени тројки на еден натпревар го држеа Кари, Коби Брајант и Доналд Маршал со по 12 реализации.