Сакраменто е во серија од седум победи, прв пат по 2005 година

Сакраменто е во серија од седум победи, прв пат по 2005 година

За прв пат од 2005 година, Сакраменто има седум последователни победи во НБА-лигата. „Кралевите“ ноќеска ги победија Мемфис гризлис со 113:109, продолжувајќи ја нивната победничка серија на седум.

Ова е прва ваква победничка низа за Сакраменто по 2005 година.

Тимот предводен од тренерот Мајк Браун, кој ја започна сезоната со четири последователни загубени средби, сега е на 3. место во Западната конференција со скор 10-6.

Сакраменто има 16-годишна последователна серија без учество во плејофот, што е негативен рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.