Германската тениска федерација е подготвена да го ангажира Бекер по излегувањето од затвор

Германската тениска федерација е подготвена да го ангажира Бекер по излегувањето од затвор

Германската тениска федерација е подготвена повторно да го ангажира Борис Бекер. Тој во моментов издржува затворска казна во Велика Британија поради кршење на законите за стечај и прикривање имот.

Во декември бекер треба да биде ослободен и депортиран во татковината.

– Вратите на федерацијата се секогаш отворени за Борис Бекер. Кога ќе ја отслужи казната, ништо нема да го спречи повторно да ја преземе својата должност. Потребата од ресоцијализација ги засега сите, вклучително и него. Борис има многу различни можности: да стане шеф на машкиот тенис, претставник, член на одборот или нешто друго. Едноставно, Борис може да избере да работи, изјави потпретседателот на федерацијата, Дирк Хордорф.

Бекер беше на чело на машкиот тенис од средината на 2017 година, а си замина на крајот на 2020 година.