Нова убедлива победа на Голден Стејт

Нова убедлива победа на Голден Стејт

Минатогодишниот финалист и еден од главните претенденти за шампионскиот трофеј годинава во НБА лигата, тимот на Голден Стејт забележа нова убедлива победа.

На еден ос четирите натпревари одиграни ноќеска „Воините“ на гостувањето во Денвер славеа триумф со убедливи 125-101.

Триото, Кари, Томсон, Дурент и овојпат беа предводници на тимот од Сан Франциско до седмата победа во деветиот одигран меч.

Стив Кари со 33 поени (7/11 за три) беше најефикасен, Клеј Томсон постигна 19, а Кевин Дурант 18 поени.

На другите три натпревари. Двејн Вејд ги предводеше „Булси“ со 20 поени во победата на Чикаго со 98-95 како гостин Мајами.

Успешната ноќ на гостинските тимови ја надополнија и Њу Орлеанс кој со 112-106 го победи Милвоки, како и ЛА Лејкерс кој со 101-91 славеше кај Сакраменто .

Во Изтојната конференција на првите две позиции се Шарлот и шампионот Кливленд кои имаат скор 6-1 (победи-порази), додека во Западната конфереција ЛА Клиперс е прв со 7-1, а Голден Стејт досега има 7 победи и 2 порази.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.