Мурињо го бара Родригез

Мурињо го бара Родригез

Менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, побара од раководството на клубот, во зимскиот преоден рок да го донесе Хамес Родригез од Реал Мадрид.

„Олеснувач“ на трансферот се очекува да биде Жож Мендес, кој го застапува и португалскиот тренер и колумбискиот фудбалер.

Родригез во неколку наврати изјави дека сака да си оди од Реал Мадрид, бидејќи тој не е задоволен од минутажата и од платата, откако беше одбиен да ги имаат истите бенефиции како Серхио Рамос и Герет Бејл.

Јунајтед е подготвен да понуди 40 милиони евра, а во трката за Родригез уште се и Челзи, Арсенал и Пари Сен Жермен.